Don’t miss outtag icon
Are you tracking AI visibility, or guessing? Get clarity with Similarweb’s AEO ToolkitTry it nowbanner icon

mBanka vs Moj DDV Usage & Stats

Aктивираj мБанка на твојот iPhone или iPad Мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Наменета е за сите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде. Во современиот начин на живеење времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Затоа мБанка има современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и едноставна навигација и ефикасни функционалности. мБанка овозможува: - 24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи, - Брзи плаќања и преноси со шаблони, Плати на пријател или Подели сметка, - Бесплатни известувања за приливи и одливи, - Лесна контрола и пристап до твоите платежни картички, - До 80% пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер. За да активираш мБанка на твојот iPhone или iPad потребно е да имаш уред со iOS верзија 7 или понова и да имаш активирано Интернет банка на Комерцијална банка. Како да активираш мБанка на твојот iPhone или iPad Ако имаш активирано Интернет банка и имаш компатибилен уред, следи ги чекорите: 1. На твојот iPhone или iPad, преземи ја апликацијата мБанка од App Store 2. Најави се во мБанка за првпат со твоето корисничко име и лозинка со кои се најавуваш на Интернет банка 3. Најави се на Интернет банка на твојот персонален компјутер 4. Во горниот десен агол на екранот, влези во твојот профил, кликни на Мој профил, а потоа на Мои уреди 5. Во Мои уреди ќе го видиш твојот iPhone или iPad со статус „Во фаза на активација“, па кликни на полето Активирај уред за да се појави штикла за потврда На твојот iPhone или iPad ќе се појави камера, со која во означената рамка скенирај го QR кодот од Интернет банка, што ќе се појави на екранот од твојот персонален компјутер Креирај 6 цифрен ПИН со кој во иднина ќе се најавуваш на мБанка на твојот iPhone или iPad Може да активираш и биометриска автентикација за брза најава во мБанка. Ти треба помош? За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, може да се обратиш: - во контакт–центарот на (02) 3296 800, од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот - на адресата на е-пошта: support@kb.mk.
  • Apple App Store
  • Free
  • Finance

Store Rank

- -

Мој ДДВ - Апликација за поврат на ДДВ за граѓаните на Република Северна Македонија. Лесно скенирајте ги вашите фискални сметки за да добиете поврат на ДДВ од 20% за купените македонски добра и услуги односно 10% за останатите добра и услуги, од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то е достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП ujp.gov.mk. Апликацијата сега подржува два типа на баркод скенер: 1.Основен - Скенира само директно над кодот 2.Напреден - Оптимизиран за DataMatrix - High-Speed Scanning: Industrial Scanning Algorithm - Omni-directional scanning for 360 degrees - Скенирање под агол до 45 степени - Patterns recovery за оштетени кодови Промената на тип на баркод скенер се прави кај екранот за Профил. *** Проблеми со скенирање *** 1. Ако се отвара камерата ама на сите сметки се враќа на претходен екран и сметките ги нема во извештајот. -Пробајте да се префрлите на Основниот тип на Баркод скенер преку екранот за профил. 2. Апликацијата скенира некои сметки, а други не. -Најдобро се скенира кога сметката не е свиткана. Затоа поставете ја на маса и затегнете за да биде рамна. Обидете се 10 секунди да ја држите камерата насочена кон баркодот. На овој начин и сметки со малку оштетувања се скенираат. 3. Апликацијата не скенира сметки од Макпетрол -Сметките од Макпетрол се скенираат само со Напредниот тип на Баркод скенер. Само доколку не се оштетени. Основниот тип нема да ги скенира. ЧПП 1. Споро отворање на апликацијата и споро појавување на екранот за најава со ПИН -При отварање апликацијата пробува да воспостави интернет конекција до УЈП. Доколку интернет конекцијата не е стабилна може да се појави мало доцнење до појавување на екранот за најава со ПИН. 2. Некомпатибилен уред -Апликацијата може да се користи на уреди со iOS 10 и нагоре. 3. Логирање -Се користат емаил и лозинка од еПДД, за да се добие еПДД корисничкиот број. Ако сте ја заборавиле лозинката треба да ја ресетирате преку сајтот на еПДД. Се генерира пин само првиот пат а после истиот се користи за логирање. 4. Невалиден пин -Пинот кој може да се внесе е 4-цифрен број од 0000 до 9999. 5. Промена на пин -Ако сте го заборавиле пинот горе десно во менито имате опција за промена/внесување на нов пин. 6. Внесување на трансакциска сметка -Се внесува трансакциската сметка и лозинката од еПДД (не пинот) за потврда. Трансакциската сметка не е иста со број на дебитна/кредитна картичка. 7. Нема конекција до УЈП -Проверете дали имате активна интернет врска (3G, 4G, WiFi). 8. Скенирање -Кога ќе се отвори камерата не треба да има копче или да се слика, само треба да се позиционира над баркодот (било каде на екранот) за да ја прочита. 9. Оштетени сметки -Доколку сметката има повеќе од 10% оштетување (неисправен печатар, лоша хартија), апликацијата не може да ја прочита. Ако баркодот не може да се прочита таа сметка може да се внесе преку рачен внес во УЈП. 10. Од кој датум се валидни сметките за враќање на данокот -Сите фискални сметки со датум после 01.07.2019. 11. Сметки за струја и телефон -Сметките за комуналии не може да се скенираат
  • Apple App Store
  • Free
  • Finance

Store Rank

- -

mBanka vs. Moj DDV ranking comparison

Compare mBanka ranking trend in the past 28 days vs. Moj DDV

Rank

No Data Available

mBanka vs. Moj DDV ranking by country comparison

Compare mBanka ranking trend in the past 28 days vs. Moj DDV

All categories

No Data Available

Finance

App
Top Country
Rank
- -
- -
#150

Compare to any site with our free trial

Get started
mBanka VS.
Moj DDV

January 15, 2026