1月4日 的 mBanka 應用程式分析
mBanka
- KOMERCIJALNA BANKA AD
- Apple App Store
- 免費版
- 金融
Aктивираj мБанка на твојот iPhone или iPad
Мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Наменета е за сите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде.
Во современиот начин на живеење времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Затоа мБанка има современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и едноставна навигација и ефикасни функционалности.
мБанка овозможува:
- 24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи,
- Брзи плаќања и преноси со шаблони, Плати на пријател или Подели сметка,
- Бесплатни известувања за приливи и одливи,
- Лесна контрола и пристап до твоите платежни картички,
- До 80% пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер.
За да активираш мБанка на твојот iPhone или iPad потребно е да имаш уред со iOS верзија 7 или понова и да имаш активирано Интернет банка на Комерцијална банка.
Како да активираш мБанка на твојот iPhone или iPad
Ако имаш активирано Интернет банка и имаш компатибилен уред, следи ги чекорите:
1. На твојот iPhone или iPad, преземи ја апликацијата мБанка од App Store
2. Најави се во мБанка за првпат со твоето корисничко име и лозинка со кои се најавуваш на Интернет банка
3. Најави се на Интернет банка на твојот персонален компјутер
4. Во горниот десен агол на екранот, влези во твојот профил, кликни на Мој профил, а потоа на Мои уреди
5. Во Мои уреди ќе го видиш твојот iPhone или iPad со статус „Во фаза на активација“, па кликни на полето Активирај уред за да се појави штикла за потврда
На твојот iPhone или iPad ќе се појави камера, со која во означената рамка скенирај го QR кодот од Интернет банка, што ќе се појави на екранот од твојот персонален компјутер
Креирај 6 цифрен ПИН со кој во иднина ќе се најавуваш на мБанка на твојот iPhone или iPad
Може да активираш и биометриска автентикација за брза најава во мБанка.
Ти треба помош?
За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, може да се обратиш:
- во контакт–центарот на (02) 3296 800, од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот
- на адресата на е-пошта: support@kb.mk.
商店排名
商店排名基於Google和Apple設定的多個參數。
所有類別 在
德國--
金融 在
德國--
建立帳戶即可查看平均每月下載次數聯絡我們
隨時間變化的 mBanka 排名統計
Similarweb 的使用排名和Apple App StoremBanka排名
排名
無可用數據
mBanka按國家/地區排名
mBanka 在其主要類別中排名最高的國家
無可顯示數據
1月 4, 2026