- Inicio
- Análisis gratuito de aplicaciones
- NLB mKlik Makedonija
- NLB mKlik Makedonija Vs. mBanka
NLB mKlik Makedonija vs mBanka Uso & Estadísticas
Можности на НЛБ мКлик апликацијата:
· Преглед на состојба и промет на сите трансакциски сметки, депозити, картични и кредитни продукти.
· Можност за плаќање на безготовински налози од денарски платен промет (ПП30/ПП50/ПП53) , девизни налози, плаќање на шаблони за режиски трошоци, интерни налози кон депозити по видување, брзи плаќања на обврски кон Банката за кредитни картички и кредити, конверзија од една во друга валута и сл.
· Можност за Распоред на девизни приливи
· Автоматско отворање на нова валута на трансакциска сметка во валута која корисникот ја нема, а врз основа на девизно плаќање или распоред на девизен прилив
· Опција за креирање на нов налог со препраќање на постоечки налог (Swipe опција)
· Можност за брзо плаќање на налог ПП30 врз основа на повикување контакт од телефонскиот именик за кој е асоцирана трансакциска сметка во Банката
· Mожност за испраќање на барање за делење на сметка со корисник чиј контакт телефонски број го имаме во телефонскиот именик на телефонот
· Можност за избирање на лимит група за трансакции согласно потребите на корисникот.
· Можност за добивање на различни типови известувања од Банката (известувања за приливи и одливи од трансакциска сметка, девизни приливи, трансакции со платежни картички) и опција и за нивно подесување (вклучување/исклучување) по желба на корисникот
· Експортирање на налози и образци во пдф формат и можност за нивно споделување преку различни канали достапни на мобилниот уред
· Поголема безбедност при најава како и плаќање со дополнителна автентификација со пин или fingerprint при плаќање на денарски налози ПП30 и ПП50 и девизен налог
· Можност за доспевање на една или повеќе рати од платежни картички
· Можност за ажурирање на личните податоци во Банката, согласно законските обврски за ажурирање
· Можност за работа со апликацијата на еден уред
· Превземање на извештај за надоместоци од платежна сметка
· Користење на мобилната апликација како средство за автентикација/ најава на Интернет банкарство - НЛБ Клик согласно доделената привилегијата кои ја имаат клиентите за работа на НЛБ Клик
· Интерактивен локатор на Експозитури/Банкомати
· Можност за поставување на лимит на картичка за трошење на Интeрнет, АТМ/Банкомат и продажно место/POS
· Преглед на курсна листа
· Можност за контакт со банката преку телефон или e-mail
· Можност за online аплицирање за продукти (мклик кредити, кредитни картички , промена на лимит на постоечка кредитна картичка, дозволено пречекорување, депозити)
· Онлајн отворање на платежна сметка
Начин на активација на мКлик апликацијата:
За да може да се користити апликацијата потребно е на иницијалниот екран да се одбере Активирај мКлик и потоа да се внес број на платежната сметка во НЛБ Банка и да се одбере една од понудените опции во зависност дали сте корисник на НЛБ Клик електронското банкарство на НЛБ Банка. Во зависност од избраната опција, корисникот пополнува соодветни податоци. Доколку корисникот нема соодветен кориснички пакет, на следниот чекор корисникот потребно е да избере пакет со кој се дефинираат привилегиите на апликацијата (преглед или плаќање) согласно неговите потреби. На следниот чекор корисникот добива смс порака со активациски код за активирање на апликацијата и екран на кој креира личен пин кој ќе го користи за најава на апликацијата.
Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата:
• Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони.
• Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.
• Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови.
• Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред.
- App Store de Apple
- Gratis
- Finanzas
Clasificación de tiendas
- -
Aктивираj мБанка на твојот iPhone или iPad
Мобилната апликација мБанка на Комерцијална банка го носи мобилното банкарство на повисоко ниво. Наменета е за сите кои очекуваат ефикасност, леснотија и достапност, секогаш и секаде.
Во современиот начин на живеење времето е драгоцено, а флексибилноста привилегија. Затоа мБанка има современ, интуитивен и минималистички дизајн, брза и едноставна навигација и ефикасни функционалности.
мБанка овозможува:
- 24/7 контрола и пристап до сите твои банкарски производи,
- Брзи плаќања и преноси со шаблони, Плати на пријател или Подели сметка,
- Бесплатни известувања за приливи и одливи,
- Лесна контрола и пристап до твоите платежни картички,
- До 80% пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер.
За да активираш мБанка на твојот iPhone или iPad потребно е да имаш уред со iOS верзија 7 или понова и да имаш активирано Интернет банка на Комерцијална банка.
Како да активираш мБанка на твојот iPhone или iPad
Ако имаш активирано Интернет банка и имаш компатибилен уред, следи ги чекорите:
1. На твојот iPhone или iPad, преземи ја апликацијата мБанка од App Store
2. Најави се во мБанка за првпат со твоето корисничко име и лозинка со кои се најавуваш на Интернет банка
3. Најави се на Интернет банка на твојот персонален компјутер
4. Во горниот десен агол на екранот, влези во твојот профил, кликни на Мој профил, а потоа на Мои уреди
5. Во Мои уреди ќе го видиш твојот iPhone или iPad со статус „Во фаза на активација“, па кликни на полето Активирај уред за да се појави штикла за потврда
На твојот iPhone или iPad ќе се појави камера, со која во означената рамка скенирај го QR кодот од Интернет банка, што ќе се појави на екранот од твојот персонален компјутер
Креирај 6 цифрен ПИН со кој во иднина ќе се најавуваш на мБанка на твојот iPhone или iPad
Може да активираш и биометриска автентикација за брза најава во мБанка.
Ти треба помош?
За помош, технички проблеми, прашања и поддршка, може да се обратиш:
- во контакт–центарот на (02) 3296 800, од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот, сабота од 08:00 до 13:00 часот
- на адресата на е-пошта: support@kb.mk.
- App Store de Apple
- Gratis
- Finanzas
Clasificación de tiendas
- -
NLB mKlik Makedonija frente a mBanka: comparación de la clasificación
Comparar la tendencia de clasificación de NLB mKlik Makedonija en los últimos 28 días con mBanka
Rank
No hay datos disponibles
Comparación de las clasificaciones NLB mKlik Makedonija frente a mBanka por países
Comparar la tendencia de clasificación de NLB mKlik Makedonija en los últimos 28 días con mBanka
No hay datos para mostrar
Compara con cualquier sitio gracias a nuestra prueba gratuita
enero 9, 2026